Повеќе од дваипол часа граѓаните на Кочани дебатираа со  градоначалникот Николчо Илијев, во изминатата сабота, точнo две години откако го презеде управувањето со градот. Граѓаните покренуваа прашања од комуналното живеење на градот, но нудеа и свои идеи, особено што кочанската локална власт го истакна фактот дека граѓанските пари ги насочува кон капиталните инвестиции.

Градоначалникот Илијев кажа дека од буџетот за овие две години успеале износот за капитални инвестиции да го зголемат за 50%, а тоа значи како што рече, повеќе пари за нови улици, паркинзи, нови училници.

-Првично го зголемивме основниот буџет за капитални инвестиции на 76 милиони денари. Во плановите што ги правиме за наредната година за 2020 година, капиталните ивестиции ги планираме со сума од 117 милиони денари, рече градоначалникот Илијев.

Само со заштедите преку поповолни јавни набавки, општината зачувала фонд од шест милиони денари. Но, не само од општинскиот буџет, туку за овие две години, градот успеал да обезбеди дополнителни осум милиони евра од централната власт, но и од донатори.

-Сметам дека ова треба да биде еден убав пример, како за нас така и за нашите следбеници кои ќе дојдат после нас на оваква функција, бидејќи со еден ваков пристап со централната власт, каде што ќе зборувате само за проблемите на граѓаните, а не за лични желби и проблеми, за работни места или за тендери, тогаш резултатите, верувајте, нема да изостанат. Јас немам за што друго да разговарам со централната власт, освен за проекти кои се од интерес на граѓаните на Општина Кочани. И затоа резултатите овде се повеќе од очекуваните – обезбедивме повеќе од осум милиони евра надвор од основниот буџет. Средства кои директно ќе придонесат за брзо решавање на инфраструктурните и други проблеми на нашите сограѓани и секако подобрување на квалитетот на живеење во градот Кочани, објасни Илиев.

Од градоначалникот кочанчани побараа решавање на собраќаот, за што беше спомената новата сообраќајна студија од  проектот за изградба на катна гаража во центарот на градот, но и решавање на тесното грло по влезниот булевар, за што градоначалникот најави проширување, што е обезбедно преку ескпропрајција на приватни имоти и куќи, за што се потрошени близу 700.000 евра.

Доброто работење на Кочани му донесе нови 44 милиони денари за изградба на 11 улици и патишта во општината од Светска банка, подеднакво распоредени за урбанииот и руралниот дел. Граѓаните на оваа јавна трибина од градоначалникот побараа почист воздух, а еден од присутните го покрена прашањето на загадувањето на амбинеталниот воздух во стариот индустриски дел.

-Таму имаме сериозни проблеми со загадувачи, како „Пејпрмил“ и некои други загадувачи, од кои трпиме од штетни испарувања, она што начув дека имаат А еколошка дозвола, едноставно не ни помага во нашето чувство на гушење и чувството на киселина во воздухот, рече присутен граѓанин.

На ова градоначалникот Илијев најави решение, што веќе оваа зима ќе биде во функција,

-За еден од објектите кои ги споменавте, е во државна надлежност, на Државниот инспекторат и на нас ни останува како и на вас, да пишуваме преписки и да се жалиме и да молиме овој проблем да биде разрешен. Ние како локална самопуправа предвидовме средства за избор на најповолен понудувач на фимра која ќе врши по наша потреба мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Нешто што никогаш не било, од оваа зима ќе го имате на располагање. И таму, каде што ќе имаме вакви сознанија, вакви реакции, ние веднаш ќе ја повикаме фирмата која ќе биде избрана, се’ со цел да добиеме вистински резултати, дали навистина имаме право да се жалиме и да интервенираме, кажа градоначалникот Илијев.

Меѓу новите проекти што ги добива Кочани, градоначалникот Илијев ги вброи обиколницата, што е инвестиција на централната власт, која исто така вложила и во патот за Пониква, во должина од 11 километри. Тоа е основа за развој на туризмот, кон кој стреми Кочани и преку вложувањата во Осоговието. Меѓутоа, градоначалникот забележа дека желбата за брз развој и брзо решавање на граѓанските проекти, често не завистат само од вољата нешто да се реши. Како пример ја спомена новата градинка, која наскоро почнува да се гради и е првата ваква установа по 35 години, иако секоја година има по 180 деца на списокот за чекање, кои треба да бидат згрижени.

-Верувале или не сами на себе да си издадеме, од идеја за реализација на Детален план, за вцртување на маркичка за изградба на детска градинка до одобрение, ни требаа скоро две години. До сега таа градинка требаше да биде вселена, бидејќи такво беше расположението на Министерството за труд и социјална политика да ни помогне, објасни Николчо Илијев, градоначалник на Кочани.

На половина од мандатот, оваа локална власт во Кочани соопшти дека реализирала 90% од планираните проекти. Пред две години градоначалникот Илијев кажа дека затекнал еден милион долгови и кредити, што усепале да ги решат. Само училиштата биле „заглавени“ со обврски од 43 милиони денари.  Пред граѓаните, Илијев најави нов планирнарски дом, станбен комплекс за семејства во социјален ризик, ново сообраќајно решение за централното подрачје, нови патишта, но и проекти за туристичката понуда, како што е реконструкцијата на ски лифтовите во Пониква, засега единствениот зимски турстички центар во македонскиот североисток.