Изминатиот четвротoк, на градоначалникот на Свети николе, Сашо Велковски му беше врачена Интернационалната награда Глобаллокал која се доделува на заедници и институции за креирање на добар амбиент и развој на претприемништвото во средна и југоисточна Европа “GLOBALLOCAL”.
Наградата ја доделува Меѓународниот економски форум PERSPECTIVE со седиште во Дубровник и независниот меѓународен комитет “GLOBALLOCAL” кој го сочинуваат 18 експерти од 9 земји од областите економија,маркетинг, менаџмент, финансии, социологија, претприемништво, право, архитектура, екологија, локален и регионален развој.
Наградата „GLOBALLOCAL“ на најдобрите локални самоуправи во креирањето на добар амбиент во претприемништвото им се доделува на посебно успешните локални заедници кои со оригиналните решенија и креативни мерки значајно го унапредиле амбиентот за брз и одржлив развој на претприемништвото како темел на развојот на локалната заедница и нејзините граѓани.