Радовишани во посета на збратимениот град Белишќе во Хрватска

Од 13 до 15 септември, делегација од општина Радовиш, предводена од градоначалникот Герасим Конзулов, беше во посета на збратимениот град Белишќе во Република Хрватска. Повод за посетата беше одржувањето на традиционалната манифестација „Белишќанска златна есен“, во чии рамки се одржаа повеќе протоколарни и културно-спортски активности, на кои успешно настапија и фолклорниот анасамбл „Ацо Караманов“ од Радовиш и ликовни уметници од „ДЛУР РАДА“. Настапија и ансамбли и уметници од Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска…

Делегацијата од Радовиш имаше официјален прием од градоначалникот на Белишќе, Динко Бурич, кој упати благодарност за одличната соработка помеѓу двете општини. Имаше и средба на сите присутни градоначалници од збратимените градови на Белишќе.

„Белишќанската златна есен“ опфаќа повеќе манифестации и настани. Имаше „Пекмезијада“, „Музички мостови на кулурите“, меѓународна ликовна колонија, како и фолклорна смотра на која настапија 15 културно-уметнички друштва од седум земји, на која настапи и ФА „Ацо Караманов“.