Во општина Конче во тек е фудбалскиот турнир кој што започна на 6 септемви и ќе трае до 19 септември.

Како што информираат организаторите, пријавени се 12 екипи, а за најдобрите обезбеден е награден фонд од 260.000 денари.

Натпреварите се играат на реконструираното игралиште на основното училиште ,,Гоце Делчев“ во село Конче. За сите учесници во натпреварите како и за жителите на општината, во недела општината организира забава со настап на фолк-пејачјата Елена Велевска.