Од 11 до 13 октомври:„Самун ем татлија“ по седми пат во Радовиш

По седми пат, Радовиш ќе биде домаќин на традиционалната и масовна манифестација „Самун ем татлија“.

И оваа година, под покровителство на ЕЛС и Општина Радовиш, а во организација на ОУ Центар за култура „Ацо Караманов“, од 11 до 13 октомври, на локацијата – паркинг Орел, посетителите ќе имаат можност да уживаат во двата радовишки бренда – самунот и татлијата, и во интересна програма исполнета со разни жанрови и содржини.