05 и 06 септември беа заокружени на календарот, ова се датите кога во Куманово се реализира „14 РОМА ТРУБА ФЕСТ“.

На програмата беа многу познати имиња како: Бојан Ристиќ, Уска Кантуров, Феруз Мустафов, Џамбо Агушев… кои ја надополнуваа магичната изведба на Љубојна.

Сето тоа во организација на Ансамблот „Рушит Шакир“ од Куманово. Главен организатор на настанот е Самет Салиовски.

  • „Ова е фестивал кој е еден и единствен на ниво на Република Северна Македонија и сум горд што овој фестивал опстојува толку години…“ изјави Салиовски.
  • „ На фестивалот учествувам уште од првата година и убаво се сеќавам како Самет започна да го организира ова фестивалско збиднување. Ме викнаа да го отворам фестивалот, па бидејќи сакам предизвици веднаш ја прифатив поканата…“ вели Бојан Ристиќ, Србија.
  • „ Веќе десет години настапуваме на овој фестивал, вечерва сме во ревијалниот дел. Чест е да се соработува со Самет.“ ни откри Уска Кантуровски, Уска Кан Оркестар

Настанот е поддржан од Општина Куманово, Министерството за култура на Р.С. Македонија, а како медиумски покровител се потпишува Радио Мрежа Канал 77.