На различни локации три дена ќе се одржуваат различни манифестации по повод Денот на ослободувањето на Свети Николе, 14-ти Септември.
Одбележувањето почнува на 13-ти Септември на градскиот плоштад со турнир во кошарка – ФИБА 3х3, по што следува свечена седница на Советот на Општината и изложба од лани возобновената ликовна колонија „Ѓуриште“ во Домот на културата „Крсте Мисирков“.
Одбележувањата продолжуваа следниот ден со полагањe цвеќе, Опен фан фудбалска школа и White Freedom festival со настап на групата Суперхикс, ,Гоце Саф , Dj Чваре и Страјк.
На 15-ти Септември до Домор на културата се очекува настапот на актгерот Бојан Велески со стендап комедија.