Деновиве завршува јавниот повек преку кој се бара превозник за организирање на линиски јавен превоз за неколку поголеми села во светиниколскиот регион.

-Повикот е распишан на барање на жителите од населените места Мустафино, Ерџелија, Кадрифаково, Амзабегово, Црнилиште,Пеширово и Горобинци.

Со јавниот повик се повикуваат сите заинтересирани лиценцирани превозници да се јават на истиот со цел да ги задоволиме барањата на граѓаните од помалите населени места, изјави градоначалникот Сашо Велковски.

Како што најавуваат од Општината, линискиот превоз ќе биде субвенциониран од општинскиот буџет.