Со средства добиени од Европските фондови општина Карбинци ќе го развива и унапредува планинскиот туризам. Денес  беше означен стартот на проектот кој според градоначалникот Јордан Насев комплетно би требало да се реализира до крајот на годината.

„Со овој проект очекуваме да се реализираат пет подпроекти.Изградба на еден километар пристапен пат до селото Вртешка и планинарскиот дом во вредност од 8,5 милиони денари, мапирање и уредување на 14 планинарски патеки за што се предвидени еден милион денари, реконструкција и адаптација на кровната конструкција на Планинарскиот дом Вртешка, изградба на вештачка карпа за искачување и за сето ова биде во функционална и одржлива состојба обезбеден е универзален комбиниран ровокопач со кој би се одржувале овие патишта. Неговата вредност е 4,8 милиони денари.“ образложи Насев

Вкупната вредност на овој проект за што средсвата се обезбедени од Европските фондови а се реализира преку Светска банка е 28 милиони денари од кои со  18%  или 5 милиони денари учествува општина Карбинци.

„Релизацијата на проектот ќе биде во три фази. Првата фаза се однесува на изградба на пат во должина од еден километар и изградба и мапирање на патеките. Втората фаза е изградба на вештачката карпа, партерно уредување и реконструкција на Планинарскиот дом. Третата фаза е испорачување на ровокопот кој веќе е обезбеден“, додава Насев.

Реализирањето на овој проект ќе значи големи придобивки за жителите на оваа рурална општина но и пошироко.

Културно –историските и туристички места во општината ќе бидат подостапни, ќе се подобри и олесни животот на жителите а природните убавини на планината Плачковица ќе им бидат достапни на сите кои што сакаат да уживаат во нив.

Проектот, ,,Плачковица,уникатни природни убавини и различно културно-историско наследство “е дел од  Проектот за локална и регионална конкурентност , финансирана со средства од ИПА 2 програмата во висина од 18 милиони евра и администрирана од Светска Банка,. Во овој Проект владиниот придонес изнесува 3.176.471 евро.