Каква поддршка нудат интитуциите на државата, а какви се потребите на бизнисот, особено на иселениците, кои сакаат да инвестираат во татковината, беа во фокусот на првиот бизнис форум, што се одржа во организација на Општината Македонска Каменица. Иселениците, но и актуелните бизнис актери се важни чинители на економскиот раст за малата општина, па во функција на зголемување на тој раст беше и организацијата на овој форум. Дел од иселениците дојдоа не само да се информираат, туку и да ги забрзаат своите почнати инвестии. Меѓу нив и Игор Ристовски од каменичко Тодоровци, кој веќе 14 години е во Италија. Во родното село инвестирал во насади со лешници, лозје и сина слива, а најави зголемување на површините.

Ристовски е само еден од над 1300 иселеници кои заминале во некои од евроспките земји. Дел од нив, како што покажала анкетата на невладината оргранизација „Надеж“, се заинтересирани да инвестираат со поддршка на државата. Меѓутоа, како што вели Влатко Ситновски, наишле на административни пречки.

Такви се програмите и мерките кои ги нуди Агенцијата за вработување, која оваа година работи по план од една милијарда и 300.000 милиони денари. Виолета Стојановиќ вели дека владее голем интерес за нивните мерки, но, се работи на комплетна дигитализација на постапките, што ќе може да им олесни и на иселениците, кои во момент на објавувањето, не се во државата.

Кога еднаш младите ќе заминат од земјата, дома остануваат повозрасните, нивните родители, кои со текот на времето имаат потреба од грижа. Во регионот има само еден дом за стари лица, кој  не може да ги прими сите кои имаат потреба од згрижување. Овој проблем го знае градоначалничката Соња Стаменкова, која одамна го детектирала. Меѓутоа, како што вели ,некој да дојде и кофа пари да истури, дом засега не може да се гради.

Општината отвори канцеларија за поддршка на иселениците, а има отворен повик за сите заинтереснирани да почнат бизнис. Стаменкова им порача на институциите што почесто да ги посетуваат малите општини или ако можат да отворат свои канцеларии во Македонска Каменица. Целта е што поголема отвореност на институциите, нивна организирана помош за бизнисот, а најави и нов проект. При посетата на САД, од страна на агенцијата УСАИД е најавена можноста за отворање на канцеларија во Македонска Каменициа за поддршка на стартап бизниси.