На плоштадот „Гоце Делчев“, беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со даунов синдром. Насобраните дечиња уживаа во пригодната забава која што по тој повод ја организираа здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром „Вера“ од Струмица и граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“, а со поддршка на општина Струмица.

Според вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, кој  беше меѓу децата на ова одбележување,  различностите меѓу луѓето, какви и да се, треба да не обединуваат, а не да не разделуваат.