Се очекува технички прием на новоизградениот Градски пазар во Свети Николе, кој изминатите месеци се градеше на површина од над 2750 квадратни метри. На затворениот дел од 640 квадрати се поставени сто тезги, простор целосно опремен по сите стандарди. Проект  е вреден околу

16 милиони денари обезбедени од Светска Банка и дополнителни околу 1,7 милиони денари сопствени средства на Општината Свети Николе. Уреден е отворениот простор на сегашната локација на пазарот, со поставени нови пултови за продажба на земјоделски производи, а изградени се скали со што е овозможен е  и полесен пристап и за продавачите и за купувачите.

Продажбата на земјоделски производи во пазарните денови во Свети Николе, досега се одвиваше во несоодветни услови, бидејќи стариот градски пазар изграден пред околу педесетина години, не ги задоволуваше потребите и критериумите за понуда на производите и стоките наменети за купувачите.

Продавачите на сезонско овошје и зеленчук, беа приморани да поставуваат свои импровизирани тезги или производите да ги поставуваат на асфалтот.