Две села од општина Карбинци ќе добијат детални урбанистички планови. Последните урбанистички планови за селата Карбинци и Таринци се донесени во шеесетите години од минатиот век.
Процесот е во завршна фаза и се очекува до крајот на месец мај ДУП да бидат усвоени и во Советот, вели градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев.
,,Инвестицијата чини околу 350.000 евра, општината учествува со 18% а другите средства се од Агенцијата за финансиска поддршка, менаџирани преку Источно планскиот регион“,информира Насев.
Донесувањето на ДУП за овие населени места ќе значат развој, поттик за приватни инвестиции, градби и добробит за населението.
,,Ќе се забрза и процесот на легализација на објектите кои што на некој начин беа изградени и требаше да се вклопат во урбанистичките планови за што една од причините за бавноста беше и недонесените урбанистички планови.Сега овој процес значително ќе биде забрзан и луѓето кои што имаат поднесено за легализација ќе можат да ги легализираат своите објекти непречено“,тврди Насев.
Денеска во општина Карбинци се одржа јавна презентација на урбанистичката планска документација на која што жителите можеа да ги кажат своите забелешки.