Поддржано од Општина Свети Николе, а реализирано од вештите прсти на ликовни уметници од малото гратче во Овчеполијата, беше презентирано гигандско Велигденско јајце.

„ Ова е оригинален настан, но и најголемо Велигденско јајце на Балканот. Ги иницирам и другите градоначалници да организираат вакво нешто, бидејќи ова е најголем Христијански празник. “ изјави Сашко Велковски, градоначалник на Свети Николе

„ Тешко е да се направи нешто лесно . За изработка на ова џиновско јајце користено е: стиропор, најразлични лепаци и други материјали.  Јајцето е високо три метри, широко два метри и тежи 600 килограми.“ – рече Иле Панајотов, човекот кој ја направи главната конструкција на џиновското Велигденско јајце.

„Првичната замисла беше да направиме класично Велигденско јајце што ќе наликува на оние Украинските, црвено со бели цветови, но на крај одлучивме да направиме една скица каде ќе ги прикажеме симболите на нашиот град: црквата Св. Николај од едната страна, од другата Св. Никола како патрон на градот и нормално пејзажите на Овчеполието и Ѓуриште.  “ истакна  Маја Ефтимова Стојанова, професор по ликовна уметност во ОУ „Кирил и Методиј“

„ Велигденското јајце секако ќе не потсетува на трудот што го вложивме, па нормално дека ќе му најдеме место во просториите на нашето училиште.“-  додаде Сања Накова – одделенски наставин во ООУ „Кирил и Методиј“.

„ Првично за изработка на јајцето  се размислуваше да се користи техника на база лак, но подоцна одлучивме да го насликаме со бои на база на вода – темпера техника, а на крајот се стави и заштитен лак на јајцето. Излезе супер! “ рече Иле Михајловски, наставник по ликовна уметност во ОУ „Кирил и Методиј“.

„ Штом имаме градоначалник кој дава вакви идеи, нема за што да се грижиме. Знаеме дека ликовните уметници ја имаат неговата поддршка. “ додаде Билјана Трајанова, ликовен педагог

Светиниколчани можеа да се подноват со некоја од многуте рачни изработки кои беа изложени на штандовите, а креирани од учениците од тамошните Основни училишта.

„ На овој убав ден имаме штанд во склоп на оваа манифестација, надополнуваме и ние како училиште со рачни изработки на вредните прсти од учениците. Нашиот штанд не е само од изложбен, туку и од продажен карактер. Децата кои изработуваа и продаваат, па учиме за иновации, претприемништво како и за уметноста. Профитот кој ќе го оствариме ќе го вложиме во набавка на материјали за наставно – надгледни средства и материјали со кои децата и понатаму ќе ја развиваат својата креативност.“ рече Саша Мицевска, директор на ООУ Кирил и Методиј“ во Свети Николе.

– „ За овој настан ние како училиште се подготвувавме десетина дена, само што слушнавме за идејата веднаш ја реализиравме.“ ни откри Билјана Мишева, директор на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе.