Општина Коче започна со хортикултурно уредување на јавните површини. Акцијата на уредување ја спроведува ЈКПД „Лакавица“. 

Со почетокот на акцијата насадени се над стотина цвеќиња во центарот на селото Конче, каде се наоѓа општинската администрација.

Од локалната самоуправа велат дека акцијата ќе продолжи и во другите села, туристички дестинации, културни домови, цркви, манастири и џамии.

За оваа убава пролетна цветна акција, општината издвои 150.000 денари.