Изминатата недела во Македонска Каменица се заловуваа кучиња скитници при што се заловени вкупно 10 кучиња скитници. Во понатамошниот третман кучињата ќе бидат сместени во стандардизирано прифатилиште, третирани со законските процедури за вакцинација и кастрација.

Општина Македонска Каменица ги замолува жителите да пријавуваат доколку забележат кучиња скитници, за истите да бидат навремено третирани и со тоа да се одбегнат несакани последици по здравјето и безбедноста на граѓаните.

За заловување на кучиња скитници, Општина Македонска Каменица за склучениот договор со ветеринарната страниа „Тодор Ангелов“ од Куманово издвои 295.000 денари.