Последниот месец Свети Николе се соочи со зголем број на пожари што се резултат на палењето на стрништата  од страна на земјоделците. Општината проценува дека до сега беа зафатени над 600 хектари во овчеполскиот регион. Изгореа штали со добиток, семенски материја, храна за добитокот, а изгоре  и шума во селото Ќоселери.  Поради тоа, Општината Свети Николе упати апел да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места, да не се палат стрништа, земјоделски и други површини, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал, да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.

Граѓаните доколку забележат пожар на отворен простор, најбрзо што може да го пријават во надлежните институции.