Започна реконструкцијата на фонтаната во градскиот парк на Свети Николе, која цели седум години стоеше нефункционална, како своевден голем контејнер за ѓубре и отпадни води. За да профункционира, Општина Свети Николе ќе вложи близу 2,4 милиони денари. Ќе бидат поставени цевки за одвод на нечистата вода. Тоа беше и главниот пропуст при градењето на фонтаната во која се вложени 200.000 евра. Фонтаната од ставањето во употреба, фунцкионираше одвај дваесетина дена.

-Започна реконструкцијата на фонтаната во градскиот парк, која им ја ветивме на граѓаните во предизборјето, а која досега важеше за споменик на едно расипничко владеење и досега се потрошени околу 200 илјади евра, соопшти Сашо Велковски, градоначалник на Општина Свети Николе.

Изведувач на градежните работи е фирмата „Конструктор Рената“ од Скопје.