Патот во селото Табановце денеска и официјално беше пуштен во употреба, откако во изминатиот период се работеше интензивно на проектот финансиран од страна на УНДП, а во соработка со јапонската амбасада и Општина Куманово.

Како што истакна градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски УНДП досега направи многу за општината во помош со справување со бегалската криза која во изминатиот период ја зафати Република Македонија и Европа.

„Тоа е асфалтен пат кој ги поврзува двете дестинации со автоаптот во должина од 1,4 километри во вредност од 150.000 евра, изведувачот е „Жикол”. Во мое име и во име на граѓаните на Куманово голема благодарност на амбасадорката, на јапонската амбасада, на Секторот за евроинтеграции, односно Министерството кое несебично во овие моменти работеше на релација локална самоуправа и Министерството и додадоа голем придонес. После ова ќе одиме во Сопот, таму имаме проект кој беше во склоп на бегалската криза, исто така под покровителство на УНДП и амбасадорката, Лузиа Винтон која несебично се даде во бегалската криза и во поддршка на Куманово и Гевгелија“, изјави Дамјановски.