Кумановскиот грдаоначалник  Максим Димитриевски денеска е во посета на градот Сараево (БИХ).Тука  оствари средба со заменик градоначалник на овој град, Милан Тривиќ.

На состанокот било разговарано за предстојното триесето собрание на Здружението на градовите носители на порака на мирот каде членуваат и двата града, а истото оваа година треба да се одржи токму во Сараево. На средбата било дискутирано  за отпочнување на можна соработка со една од општините во Сараево со цел зголемување на заедничка соработка во повеќе области.

Општина Куманово на оваа асоцијација беше домаќин во 2015 година, а последно генерално собрание се одржа во Волгоград (Русија), каде се разговараше на тема мир и партнерски односи на градовите носители на порака на мирот.