На имотот на Средното стручно општинско училиште „Киро Бурназ” во селото Којнаре денеска беа закроени лозовите дрвца, со што традиционално се одбележа празникот Свети Трифун во присуство на наставниците, учениците, како и локалната самоуправа и свештени лица од Кумановско-осоговската епархија.

Одбележувањето на празникот е традиција откако во училиштето е засаден првито лозов насад, кој претставува добра можност учениците да добијат повеќе практични знаења во рамките на земјоделско-ветеринарната струка.