Проекти од важност за заедницата од областа социјална инклузија, граѓаните на Свети Николе ќе имаат можност да предлагаат, разработат, а потоа и да изберат преку Форумите на заедницата, како алатка за непосредна демократија. Првата форумска сесија е закажана за во среда (21.11.2018), во 11 часот, во Градската библиотека во Свети Николе.
Граѓаните ќе одлучуваат за проекти, што ќе бидат финансирани од фондот вреден 50.000 швајцарски франци (CHF), обезбеден преку проектот „Зајакнување на општинските совети“, имплементиран од УНДП, а финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Втора компонента на овој проект е зајкнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините, избрани преку јавни консултации. Ќе бидат финанисрани проекти, кои ќе придонесат за поголем социјален импакт, обезбедат еднакви можности  за мажите и жените, ќе воспостават  партнерства помеѓу организации и граѓани и кои ќе бидат одржливи и по престанок  на финансирањето од општината.

Општината Свети Николе е една од шесте општини од првата, подготвителна фаза на УНДП од проектот „Зајакнување на општинските совети“, во рамките на кој до завршувањето во 2020 година, ќе бидат опфатени вкупно 24 општини.
До сега серија обуки поминаа членовите на општинските совети. Целиот проект е вреден 3,4 милиони швајцарски франци (CHF).