За таа цел, општина Куманово ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот и околината, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција.

Сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливност и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово е еден од критериумите поместени во конкурсот.

Сувенирот мора да биде прилагоден за изработка во поголеми количини и наменет за туристичка промоција на градот, да биде изработен од материјал, големина и боја според замислата на авторот. За изработка на сувенирот можат да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс, текстил и други.

Краен рок за доставување на трудовите е 10 Декември  2018 до 15:00 часот;

Наградата за “Сувенир на Општина Куманово” е една и изнесува 30.000,00 денари без ДДВ;

За избор на “Сувенир на Општина Куманово”, од страна на градоначалникот на Општина Куманово е формирана Комисија која ќе одлучува врз основа на наведените критериуми и резултатите ќе ги објави најдоцна во рок од 30 дена од завршувањето на постапката.

Доколку на конкурсот не се пријави ниту еден кандидат, конкурсот се смета за поништен и постапката за избор на сувенир на општина Куманово ќе се повтори.