Со богата програма исполнета со низа културни и спортски настани ќе се одбележат 499 години од формирањето на Куманово и 74 години од ослободувањето.

На денешната прес конференција градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски ги покани граѓани да уживаат во Ноемвриските денови.

– Акцент ќе се даде на 9ти ноември со концерт на градскиот плоштад на интерпретаторот Звонко Богдан, а на 10ти ноември на градскиот плоштад свој концерт во чест на празникот на градот ќе одржи и мега ѕвездата од балканските простори Хари Верешановиќ или групата Хари Мата Хари. Ги поканувам сите без разлика на својата возраст, својата етничка, верска или било која припадност, да не придружуваат и заедно да го одбележиме јубилејот на нашиот град. На овие концерти ќе претпостај претходни настапи на локални интерпретатори кои моментално се актуелни на музичката сцена, изјави Димитриевски.

Дел од настаните веќе се одржаа меѓу кои и Литературната поетска вечер „Поткозјачки средби“ и манифестацијата „Пензионерите за својот град“. Агендата продолжува утре кога во 19 часот во Занаетчискиот дом ќе се одржи Меѓународна изложба на фотографии „Photo Story“ во организација на Фото клуб „Куманово“.

– Годишниот концерт на КУД „Бајрам Шабани“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во 18 часот, турнирот во мал фудбал „11 Ноември“ за пехар на градоначалникот ќе бие на 9ти во петок во 17:30 часот во Градска спортска сала Куманово. Ликовна изложба „Карпино 2018“, Мултимедијалниот центар Карпино го организира во „Трајко Прокопиев“ во 19 часот, тоа е се во петок на 9ти, концертот на Ѕвонко Богдан и претходно на Кумановски Тамбураши и Сандра Милковска и моето учество ќе биде да ги освежиме нашите сограѓани како дел од оваа тамбурашка приказна, во тој дел концертот на Звонко Богдан е околу час и половина, од 20:30 часот на градскиот плоштад ќе настапи, изјави Нино Величковски, претседател на Фондација за култура и спорт.

Низа настани се предвидени и за 10ти ноември ден пред празникот на градот, а започнува уште в зори, кога во 7 часот ќе бие отворен Куп во спортски риболов на реката Пчиња. Веќе точно напладне во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ ќе се одржи Деветиот Меѓународен турнир во пинг понг на ветераните, кој го организира Пингпонгарскиот клуб Куманово. Во 18 часот започнува Атлетската ноќна трка во центарот на градот, по што следува Ликовна изложба на кумановските ликовни уметници во 19:30 часот во Градската галерија. Кулминација на вечерта се очекува со концертот на градскиот плоштад.

– Традиционално како и секоја година во 20:30 часот на градскиот плоштад покрај Хари Мата Хари ќе настапат како гости Аулона Ерулау пејачка и Бесим Мифтари како гитарска придружба, гости ќе бидат и нашите Мартија Станојковиќ, Марио Арангеловски, Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ, тоа се наши сограѓани кои ќе бидат дел од чествување по повод „11ти Ноември“, додаде Величковски.

На денот на ослободување со почеток во 11 часот бројни делегации ќе положат свежо цвеќе на Спомен „Костурница“, а во 12 часот ќе се одржи Свечена седница на Советот на Општина Куманово каде ќе бидат доделени и највисоките признанија, Ноемвриските награди на истакнатите кумановци.