Општината Свети Николе е меѓу 6-те општини во државата, кои ќе добијат по 62.000 долари за проекти од јавен интерес, кои ќе бидат утврдени како приоритетни ос страна на граѓаните.

Покрај Свети Николе, средства од Швајцарската агенција за развој и соработка, ќе добијат и и општините Чаир, Охрид, Струмица, Свети Николе, Валандово и Велес.

На компетативен начин дополнително ќе бидат избрани и уште 18 други општини, кои ќе влезат во проектот „Јакнење на општинските совети“.

Општините ќе добијат обука која што ќе им помогне на општинските советници поефективно да ги надгледуваат локалните буџети и подиректно да комуницираат со граѓаните при утврдување на приоритетите за трошење на буџетски средства на општината.

По успешната обука, општините ќе ги добијат одвоените средства за проекти. На тој начин, проектот „Јакнење на општинските совети“, има за цел да ја зајакне позицијата на општинските совети во демократско носење на одлуки на локално ниво, каде што, традиционално, градоначалниците имаат доминантна улога, како и да осигура дека секој општински денар е потрошен мудро, ефикасно и транспарентно.

Проектот е и во согласност со Одржливите цели за развој кои што ги обврзуваат сите земји членки на ООН да обезбедат одговорно, инклузивно и партиципативно носење на одлуки на сите нивоа.