Досега приоритет на општина Тетово беше да го врати кредибилитетот на Јавното комунално претпријатие. Општина Тетово организира и собирање на сметот и од ридско планинските села работа која досега никој на ја извршуваше.

Останува да се реши транспортот на сметот надвор од градот за што Општина Тетово урбанизираше неколку локации за кои сметаше дека се добра позиција за модерна станица.

„Во процедура сме на тендерирање за градба на објекотот и таа процедура брзо очекуваме да заврши и на пролет да се започне со градење“, изјави за Канал77 градоначалничката, Теута Арифи.

„Не баравме решенија на див начин да работиме, туку работиме по процедура и добивме дозвола од Министерство за екологија за да можеме да преминеме во еден таков процес кој предвидува селектирање на отпадот“,  вели таа.

„Тетово не треба да има депонија туку претоварна станица“, смета Арифи.

Полошкиот Плански регион и Теута Арифи како негов претседател на со помош на амбасадата  на Швајцарија  се веќе квалификувани кај Агенцијата за развој СЕКО за проект тежок 5 милиони евра со кој проект ќе се финансира стандардизирањето на депонијата Русино.