Со активна работа и многу вложен труд во април во општина Брвеница, кон крај се доведуваат проектите за изградба на локалните патишта и улици.

Како  работи на терен го сретнавме и градоначалникот, Енвер Пајазити кој внимателно ги следи сите активности кои се случуваат околу изградбата на улиците во Брвеница, што всушност претсавува и центарот на оваа општина.

„Проектот се доведува кон крајот и очекуваме до крајот на мај и почетокот на јуни работите да се доведат кон крајот“, вели градоначалникот, Пајазити.