Редовна месечна дезинсекција
Денеска Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето се изврши од 02 до 07 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата беа опфатени зелените површини во општина Штип,  подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети.

Третирањето се изведува со препаратот Ауродил Супер ПБ со активна супстанца permethrin, d-allethrin-адултицид и со препаратот BIOPREN 4GR со активна материја Isopropyl (7S,2E,4E)-(+)-11-methoxy-3,7,11-Trimethyl-ларвицид.

Информации за тековни инфраструктурни проекти
Вчера, 07.08.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, преку изјава за медиуми ја информираше јавноста за сите тековни инфраструктурни проекти кои се реализираат во моментов на територија на општина Штип.
Имено, во моментов во Штип во различни фази од нивната реализација се одвиваат голем број важни инфраструктурни проекти. Над 161.471.000 денари, пари на граѓаните, се вложени во бројни инфраструктурни проекти, коишто се од суштинско значење за растот и развојот на нашиот град.
„Над 2.600.000 евра се насочени кон вистинските цели. Граѓаните ќе ги запознаваме со реализацијата на овие инфраструктурни проекти постепено, а денеска ќе набројам што се гради во моментов. Во Штип интензивно се градат нови или се санираат и обновуваат вкупно 32 улици во градот. Се градат новите улици во близина на објектот „Луна Комерц“, како и улиците „11 Конгрес“ и 6 и 7 во населба Баби, две улици кај Радански пат и шест улици кај Сончев Град кај населбата Дузлак. За улиците во градот, Општина Штип во моментов вложува вкупно 38.353.441 денари.

Предвидена и изградба на пристапен пат за населбата Суитлак, пристапни улици во населба Горна Железничка, во Блок 2000, како и многу други проекти. Освен за улици, се вложува и во патната инфраструктура, со тоа што се градат нови тротоари, како на пример оној кон Кампус 4 на УГД, но и се обновуваат старите, како на пример тротоарот кон Клиничка болница, на улицата „Козјак планина“.
Се реконструира игралиштето во населба Блок 2000, а исто така се поставени десет активни зони за вежбање. Се поставуваат канализациони мрежи во населбите Баби и Суитлак. Исто така и се врши поврзување на новите бунари во системот за бунарско обезбедување со вода, што чини 1.200.000 денари. Во село Љуботен се врши реконструкција на водоснабдителниот систем. Реализацијата на проектот со обиколницата е во своите финални чекори, а се очекува наскоро да започне и втората фаза од овој проект.
Во финална фаза е и фонтаната кај платото пред пензионерски дом. Обезбедено е улично осветлување за новите изградени улици, и тоа во населбите Сењак 3, во Блок 2000, во населба Баби. Уличното осветлување вкупно ќе чини 1.975.645 денари. Се фокусираме на изградбата на детска градинка, за што Општина Штип издвојува 20.279.441 денари од општинскиот буџет, а државата партиципира со 16.592.269 денари.
Во сите набројани проекти чија вкупна вредност изнесува 161.471.891 денари, Општина Штип партиципира со 142.780.543, а остатокот се добиени од државата. Општина Штип, која во ноември 2017 година имаше само 3 милиони денари на сметката, сега, само десет месеци подоцна, инвестира 142.780.543 денари во инфраструктурни проекти коишто го обезбедуваат долгорочниот раст и развој на нашиот град. Тоа е вистински успех којшто граѓаните го препознаваат. Штип конечно го доживува развојниот подем кој го заслужува. Ќе продолжиме да се движиме во иста насока со засилен интензитет и искрени и вредни заложби за унапредување на Штип,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Одбележување на денот на смртта на народниот херој Генерал Михајло Апостолски
Вчера Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи на боречките традиции за општините Штип и Карбинци со седиште во Штип, организираа одбележување на денот на смртта на народниот херој Михајло Апостолски. Одбележувањето се изврши во Алејата на народните херои во центарот на градот.

Дневни активности на јавни претпријатија

  • Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
  • Реконструкција на мал плоштад кај пензионерски дом
  • Изградба на крак на улица Сане Георгиев
  • Изградба на игралиште во населба Блок 70
  • Чистење на депонија кај градскиот пазар
  • Замена на улични светилки во градот

ЈП „Исар“ ќе работи на:

  • Санирање на дефект на водоводна линија на улиците: Тодор Чучков, Косовска и во населба Три Чешми
  • Изведба на нова линија за фекална канализација во населба Баби и на улица Лески
  • Изведба на водоводен приклучок на улица Вељко Влаховиќ
  • Приклучок на нови бушени бунари на водоводниот систем во м.в Штипско Езеро
  • Санирање на површини после дефекти на улиците Анте Банина и Лески

РЕ Паркови и зеленило ќе работи на косење на зелени површини кај:

  • Манастир во село Брест
  • Булевар Гоце Делчев
  • Стадион во населба Баби