И во овој „Неделен Бриф“ Радио Мрежа Канал 77, посветуваме минути на дел од најважните активности и настани во македонските општини во текот на изминатата седмица.

Карбинци бара начин за подобрување на здравствената заштита. Штип инфраструктурно ја менува населбата Сењак и се подготвува за интересна изложба во рамки на штипско културно лето. Во Куманово се дискутира на тема културно наследство и учеството на граѓанското општество во донесувањето одлуки поврзани со јавните инвестиции во културното наследство. А Македонска Каменица брои ситно до крајот на последните подготовки за финалето на „Каменичко Културно Лето” и е посветена на чистење на локалните патишта.