Во изминатиот викенд во Штип, во организација на Одбојкарската федерација на Македонија и на штипската локална самоуправа, се одржа Балканскиот шампионат во одбојка на песок. Во текот на трите дена дена се натпреваруваа и другаруваа млади одбојкари и одбојкарки до 22 години од осум балкански земји.                              Победник во машка конкуренција стана Молдавија, а во женска Босна и Херцеговина. Штипјани уште еднаш покажаа дека се вљубеници во одбојката. Натпреварите се одржаа во дворот на гимназијата „Славчо Стојменски“, а во изминатите години вакви натпревари во одбојка на песок се одржуваа и на плоштадот „Слобода“ и во спортскиот центар „Џексон“.