Седница на Совет на млади на Општина Штип
Денеска со почеток во 11 часот во сала 2 ќе се одржи седница на Совет на млади на Општина Штип.

Вчера во Штип се одржа настанот „На секое дете му треба семејство“, којшто е дел од кампањата која има за цел да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов.

„Оваа кампања е добар показател за заложбите на Владата на Република Македонија да се обезбеди дом и семејство за секое дете на кое му е потребно, тоа можеме заеднички да го постигнеме преку многу инвестиции и поттикнување на вакви настани и дебати. Општините треба активно да се вклучат во заложбите на Владата и соодветните институции и да помогнат во реализирање на ваквите идеи. 

Општина Штип ќе се заложи за ширење и унапредување на оваа кампања која треба да даде многу позитивен бенефит, ќе се заложи за ширење на локалните мрежи на згрижувачи и преку локални мерки ќе го олесниме овој процес, што ќе даде многу подобар резултат. 

Во моментот на двеста деца помали од три години живеат одделно од своите родители и од своите семејства, живеат без родителска љубов и грижа во институциите кои се соодветни за ваквите дечиња. 

Оваа бројка во иднина мора да се намалува бидејќи децата се нашата иднина и сите подеднакво заслужуваат сигурен дом, многу љубов и родителска грижа.

Прекрасно е чувството денеска да се биде на еден ваков настан организиран на отворено, каде секој граѓанин ќе може да ги слушне мислењата на претставниците од државните институции и да даде свои идеји и предлози со што ќе придонесе да се мобилизираат поголем број на згрижувачки семејства.

Прекрасно е чувството кога се помага на најмладите, на иднината на оваа држава. Кога едно дете нема свое семејство и семеен мир, треба сите како колектив да стапиме на сцена за да му помогнеме во растот и развојот. Посакувам да се мобилизираат доволен број згрижувачки семејства кои имаат љубов за давање на децата кои се во моментот сместени во големи институции и да се обезбеди создавање широка мрежа семејства што се подготвени да ги отворат своите срца и домови за децата на кои им треба згрижување во иднина,“ истакна во своето поздравно обраќање градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

На настанот присуствуваа и претставник од Министерство за труд и социјална политика, Бенџамин Перкс од УНИЦЕФ и директорката на ЈУ МЦСР Штип, Сузана Цветкова.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на тротоар и атмосферска канализација на Булевар „ЈНА“
– Чистење сливница и атмосферска канализација на улица „Ванчо Прќе“
– Чистење депонија во Пребег

РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе ги извршуваат следниве работни активности:
– Санирање дефект на водоводна линија на улиците „Никола Карев“, „Личка“ и во населба Сењак 3
– Реконструкција на фекална канализацијана улица „Каваклија“
– Санирање површини на улица „Мирче Ацев“
– Канализација – разни локации во градот

РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следниве работни активности:
– Косење трева низ населба Пребег
– Косење трева покрај пешачка патека кон населба Пребег
– Косење трева покрај Булевар „Гоце Делчев“
– Косење трева низ парк на улица „Скопска“ и низ населбата Дузлак
– Косење трева низ населбата Баби
– Чистење во корито на река Отиња
– Косење трева во паркови и покрај стамбени објекти на улица „Енгелсова“