Настан „На секое дете му треба семејство“
Денеска, 25.06.2018 г., на плоштад „Слобода“ со почеток во 12:00 часот ќе се одржи настанот во рамки на кампањата „На секое дете му треба семејство“, која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов. Кампањата има за цел и да мобилизира поддршка за решенија за грижа во семејно опкружување на ниво на заедницата, наспроти институционално згрижување. На настанот обраќање ќе имаат претставник од Министерство за труд и социјална политика, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, претставник на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, како и директоркат ана ЈУ МЦСР Штип, Сузана Цветкова. На настанот своето лично искуство за згрижувањето ќе го сподели активниот згрижувач Иле Тодосов, а настапи ќе имаат и дечињата од ЈУДГ „Вера Циривири Трена“ и ЈУДГ „Астибо“ од Штип.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Атмосферска канализација и реконструкција на тротоар на Булевар „ЈНА“
– Обележување на хоризонтална сигнализација во градот
– Замена на улични светилки
– Крпење ударни дупки

РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе ги извршуваат следниве работни активности
– Санирање дефекти на водоводна линија во населба Три Чешми
– Санирање дефект на водоводна линија на улица „Рибник“
– Реконструкција на фекална канализација во Каваклија
– Санирање после реконструкција на фекална канализација во детска градинка во Ново Село

РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следниве работни активности:
– Косење околу населба Осми Ноември
– Косење паркови површини во населба Баби
– Косење трева во парк Скопска
– Косење трева околу Бања Кежовица
– Косење трева во коритото на река Отиња