Резиме на реализираното во изминатите шест месеци
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, пред медиумите ќе даде осврт на сработеното од почетокот на мандатот. Станува збор за резиме на реализираното во изминатите шест месеци, што ќе се случи во сала 2 на Совет на Општина Штип со почеток во 13:00 часот.

Отворање Ресурсен центар за граѓански организации во Штип
Денеска, 29.05.2018 г., во Мултимедијален центар Канал 77, со почеток во 11:00 часот ќе биде отворен Ресурсен граѓански центар за граѓански организации во Штип. Во Ресурсниот центар граѓанските организации ќе добиваат поддршка и помош при нивната работа. На отворањето, проектот ќе го презентираат Емина Нурединоска, раководител на одделение за граѓанско општество при Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Валентина Атанасовска, координатор на ресурсни центри при МЦМС и Слободанка Блажевска од Медиа плус, Штип.

На отворањето на овој Ресурсен центар за граѓански организации свое поздравно обраќање ќе има градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Обука за мотивација за отворање сопствен бизнис, како и генерирање на идеи за бизнис
Во тек е реализација на обукa за поттикнување на претприемачкиот дух кај младите од страна на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија. Вчера во зграда на Општина Штип (голема сала) се одржа обука за мотивација за отворање сопствен бизнис, како и генерирање на идеи за бизнис. Обуката ја држеа универзитетски професори и претпримачи од УАКС Институтот за претприемништво и лидерски развој.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:

  • Реконструкција на тротоар на Бул. „ЈНА“ и изградба на атмосферска канализација
  • Обележување хоризонтална патна сигнализација во централното градско подрачје

На ден 29.05.2018 година РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе ги извршуваат следниве работни активности

–      На ул. „Кежовица“ санирање на два дефекти на водоводна линија
–      На ул. „Васил Доганџиски“ санирање на дефект на водоводна линија
–      На ул. „Христијан Карпош“санирање на дефект на водоводна линија
–      Во Општина Штип замена на водомери
–      Изведба на нова водоводна линија за водоснабдување на нас. Македонка, Балкансака и Чардаклија
–      Санирање на горна плоча на шахта на ул. „Ратко Јовановиќ“ и „Михајло Пупин“
–      Поставување на канализациона линија во населба Суитлак
–      Канализација – разни локации во градот

РЕ Паркови и зеленило ги извршува следниве работни активности:
– Косење трева околу централно градско подрачје
– Косење трева покрај ул. „Славчо Стојменски“, „Вардарска“ и парк Дујле
– Косење трева во корито на река Отиња
– Косење трева покрај Бул. „ЈНА“
– Косење трева покрај тениско игралиште на ул.„ Борис Крајгер“ и ул. „Петта Партиска“
– Косење трева покрај Бул. „Гоце Делчев“
– Запрашување на кружен тек Дујле и фрезање за садење цветен насад на кружен тек кај Стопанска банка
– Прскање на патеката во река Отиња