Честитка по повод 24 мај – Ден на сесловенските просветители Кирил и Методиј
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска, по повод 24 мај -Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј упатува честитка до граѓаните во која се вели:

„Дозволете ми, во мое лично име и во име на Општина Штип, да упатам искрени честитки по повод овој голем ден со желби за понатамошен успех во промоцијата на посебноста на македонскиот народ и неговата традиција и култура.

Историски и културолошки значајното дело на словенските просветители претставува огромен цивилизациски придонес за сите народи кои ги негуваат словенските традиционални и културни карактеристики.

Поставувањето на темелите на писменоста на словенските народи е само дел од придобивките со кои нè задолжија сесловенските браќа Кирил и Методиј. Нивната благородна мисија денес обединува многу народи, кои преку писменоста како едно од основните обележја, вложуваат во промоцијата на сопствената историја, култура и традиција.

Нека ни е честит денот на сесловенските просветители,“ стои во честитката на градоначалникот Бочварски.

Честитка по повод Националниот ден на Власите
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска, по повод Националниот ден на Власите упати честитка до сите припадници на влашката заедница, во која се вели:

„Дозволете ми во лично име и од името на Општина Штип, по повод Националниот ден на Власите – 23 мај, на сите припадници на влашката заедница да им го честитам овој голем ден, со искрени желби за успешно промовирање и негување на влашката култура и традиција во Република Македонија.

Власите имаат значаен придонес во градењето на македонската држава и во негувањето на различностите и меѓуетничката толеранција во нашето општество преку промовирањето на сопствените културни вредности.

Со заедничкиот стремеж за унапредување на меѓусебните односи даваме пример и праќаме порака за почитување и соживот, за едно општество за сите.

Со искрени желби за добро здравје, меѓусебно почитување и разбирање, им посакувам мир и општа благосостојба на сите граѓани на Република Македонија,“ стои во честитката на градоначалникот Бочварски.

Формирање на општинска работна група во рамки на програмата РОМАКТЕД од Советот на Европа
Советот на Европа ја спроведува Програмата ROMACTED „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ во Западен Балкан и Турција. Програмата е финансирана од Европската Унија (DG NEAR) и Советот на Европа и се имплементира во блиска соработка со 12 општини, ромски заедници вклучувајќи го и Министерството за Труд и Социјална Политика (МТСП).

Општина Штип е потписник на Меморандумот за Разбирање заедно со МТСП и Советот на Европа, со што е воспоставена рамка за соработка во поглед на спроведување на Програмата и подршка во нејзината реализација.

Вчера се одржа состанок за формирање на општинската работна група. Целта на овој состанок беше формирање на Општинската Работна Група и запознавање со нивната улога и функција, која беше составена од определени раководители на сектори/одделенија и вработени во општинската администрација. Имаше и презентација на програмата и  4 чекори на методологијата како и временската рамка на програмата РОМАКТЕД.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:

  • Реконструкција на тротоар кај Булевар Гоце Делчев
  • Реконструкција на повеќе улици во Караорман
  • Обележивање на патна сигнализација во централно градско подрачје

Замена на улични светилки во село Селце