Присуство на свечено отворање на Европско првенство во борење – кадети
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, ќе присуствува на свеченото отворање на Европското првенство во борење – кадети, коешто се одржува во СРЦ „Кале“ во Скопје. Свеченото отворање ќе започне во 17:00 ч.

Активности по повод денот на пожарникарството
Денеска учениците од ООУ „Ванчо Прќе“ од Општина Штип ќе ја посетат Територијалната противпожарна единица во Штип по повод денот на пожарникарството. Пред учениците ќе биде претставена професионалната противпожарна единица со нејзината целокупна опрема. И денешната активност е дел од деновите на пожарникарството кои ТППЕ Штип ги одбележува преку петнаесетдневни активности, а со цел да се влијае врз издигнувањето на свеста од потребата за заедничка грижа и заштита од пожари.

Промотивен и информативен настан во рамки на проектот „Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу граѓанските организации и социјално претприемништво“
Денеска во Универзитетски ресторан Штип со почеток во 13:00 часот ќе се случи промотивен и информативен настан во рамките на проектот „Социјална инклузија преку социјални мрежи помеѓу граѓанските организации и социјално претприемништво“ финансиран од Европската Унија преку секторот за Централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) – Министерство за финансии на Република Македонија, во рамки на грантовата шема за имплементирање проекти насочени кон зголемување на конкурентноста на земјите кориснички, спроведуван од Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово во партнерство со Асоцијацијата на жени Линда од Куманово.

Информативна сесија за отворен Јавен повик за поднесување предлог проекти во рамки на Столб 3 од План за економски раст на Влада на РМ
Денеска,15.05.2018 г., Регионалната комора со седиште во Штип во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој организираат информативна сесија за отворениот Јавен повик за поднесување предлог- проекти во рамките на Столб 3 од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија. Информативната сесијата ќе се одржи на 15.5.2018 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во затворениот дел на салата на Советот при Општина Штип. Јавниот повик може да погледнете на следниот следниот линк: http://www.fitr.mk/stolb3/.

Трибина на тема „Дискриминација: Како да ја препознаам и што потоа?“
Здружението ЕХО Едукативно-хуманитарна организација и Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Цивика Мобилитас, вчера одржаа трибина на тема „ДИСКРИМИНАЦИЈА: Како да ја препознаам и што потоа?“ во хотел Оаза со почеток во 12:00 часот.
На трибината говореа претставници од здружението ЕХО, Коалиција Маргини и ХЕРА, кабинетот на градоначалникот, како и од локалното координативно тело за заштита од дискриминација при Општина Штип.
Учесниците зборуваа за дискриминацијата кон одредени маргинализирани групи и за тоа како да се препознае, но и како да се пријави кај надлежните органи. Самото локално координативно тело беше формирано со цел да ги информира граѓаните за видовите на дискриминација, за тоа како да ја препознаат и да се заштитат од неа, но и каде да ги пријават случаите на дискриминација.

Известување за прскање против комарци
Денеска, 15.05.2018 год. (вторник-наутро) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето се вршеше во периодот од 02 до 07 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата беа опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети.
Третирањето се изведуваше со препаратот Ауродил Супер ПБ со активна супстанца permethrin, d-allethrin и со препаратот BIOPREN 4GR со активна материја Isopropyl (7S,2E,4E)-(+)- 11-methoxy- 3,7,11-Trimethyl ларвицид.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:
– Реконструкција на тротоар на Бул. „ЈНА“ и изградба на атмосферска канализација;
– Крпење ударни дупки во населба Дузлак
– Реконструкција на рампа во река Отиња
– Обележување хоризонтална патна сигнализација во централното градско подрачје.

Денеска РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе извршува:
– Санирање дефекти на водоводна линија на улица „Косовска“, „Васил Доганџиски“, „Воденска“ и „Зрново“
– Изведба на нова водоводна линија за водоснабдување на населбите Балканска, Чардаклија и Македонка
– Санирање површини после дефекти на улица „Коле Неделков“
– Поставување канализациона линија во населба „Суитлак“
РЕ Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ денеска ги косат зелените површини околу градски гробишта, покрај улица „Партизанска“ и во корито на река Отиња.