Дневен билтен на Општина Штип – 20.04.2018

Денот на планетата земја

Денеска во периодот од 09:30 до 11:00 ч. во паркот К’р теќе ќе се одржи настан по повод Денот на планетата Земја. Станува збор за настан којшто е во организација на Општина Штип и ООУ „Ванчо Прќе“, а на којшто учество ќе земат сите основни училишта од градот.

Пролетно чистење и уредување“ во УЗ Осми ноември

Денеска, 20.04.2018 г., продолжува акцијата „Пролетно чистење и уредување“ во населба Осми ноември. Ќе се чисти смет, ќе се заменуваат стари светилки, ќе се обележува патна сигнализација, се со цел поубава околина за граѓаните.