Отворен јавниот повик за Организационен одбор на Струмичкиот карневал

Општина Струмица објави јавен повик за пријава на нови членови на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, што следеше по одржувањето на двете јавни дебати посветени на формата, изборот и начинот на функционирање на идниот Одбор.

Организациониот одбор ќе брои вкупно 17 членови. Седум од нив ќе бидат предложени од релевантни институции, а останатите десет ќе бидат избрани преку јавниот повик. Од редовите на избраните членови ќе се избере и претседател на Одборот. Деталите за структурата, надлежностите и начинот на функционирање ќе бидат дополнително уредени преку Статут и Правилник кои ќе бидат усвоени на следните седници на Одборот.

„Се повикуваа да аплицираат сите граѓани – ентузијасти, креативци и вљубеници во карневалската традиција. Со своето учество да придонесат во организацијата на оваа значајна културна манифестација, која има вековна традиција и меѓународно значење. Оваа иницијатива има за цел да ја зајакне транспарентноста, да го намали влијанието на надворешни фактори и да ја спречи политизацијата на процесот, со што ќе се обезбеди долгорочен развој и автентичност на Струмичкиот карневал ,стои во повикот од Општината.

Рокот за пријавување на јавниот повик е 24 јуни 2025 година.

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Струмица, кои ги
исполнуваат условите од овој Јавен повик. Почесните членови на Организациониот одбор на струмичкиот карневал, како и членови на Советот на општина Струмица немаат право на учество на Јавниот повик.

Кандидатот треба да ги исполни следниве услови:
-да е жител на Општина Струмица,
-да има искуство во организација на јавни и културни настани или претходно
-учество на некои од претходните изданија на Струмичкиот карневал.
Од потенцијалните кандидати се бара да достават:
-предлог програма за реализација на Струмичкиот карневал
-мотивациско писмо
-кратка биографија.

Повеќе за повикот на  ЛИНК.