Во пресрет на летото и високите температури се зголемува опасноста од појава на пожари на отворен простор. Со цел да не се повторни летото од минатата година, кога големи пожари беснееа на планината Серта и во близина на Штип, Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) Штип се подготува информира денеска командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов. Тој истакна дека се прават содветни вежби, се зголемува опремата, а потребно е и обучен млад кадар. На таков начин ќе се намали ризикот од големи пожари на отворено, кои во минатото беснееа и по неколку денови.
- Со зголемување на температурите имаме и зголемен ризик од појава на пожари на отворено. ТППЕ-Штип веќе се подготвува со проверка на опремата, а оваа сезона ги посетуваме и селата. Разговараме со населението, а особено со земјоделците и сточарите да не ги палат стрништата и пасиштата да не палат на отворено. Потребен ни е кадар, бидејќи имаме пожарникари кои веќе одат во пензија, вели Ренџов.
Тој истакна дека во меѓувреме ТППЕ Штип се подговува и за одбележување на денот на пожарникарите, 20 мај. Ренџов вели како и секоја така и оваа година ќе има пригодна манифестација, со одредени настани, доделување награди и признанија со кои ќе се одбележи денот на пожарникарите. Освен во случаи на пожар, пожарникарите дејствуваат и во случај на сообраќајни несреќи.