На ден 16.05.2025 година (петок), Општина Штип преку овластена фирма ќе спроведе втора ларвицидна дезинсекција на територијата на општината, со цел уништување на ларвите на комарците. Третирањето ќе се врши во периодот од 09:30 до 13:30 часот. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојните води во урбаните населби и локалитети на територијата на Општина Штип. Во случај на неповолни временски услови (дожд, ветер и сл.), дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден.
Дополнително, Ве известуваме дека заради заштита на населението од заразни болести предизвикани од глодари (стаорци), на истиот ден, 16.05.2025 (петок), ќе се спроведе превентивна дератизација на канализационите шахти, исто така преку овластена фирма. Дератизацијата ќе се врши во периодот од 08:00 до 13:00 часот и ќе опфати вкупно 160 канализациони шахти на територијата на Општина Штип. И оваа активност ќе биде одложена во случај на неповолни временски услови. Апелираме до сите граѓани на Општина Штип за зголемена внимателност при движење во сообраќајот во текот на извршувањето на наведените активности.
За дополнителни информации и прашања, можете да се обратите на контакт телефонот на Општина Штип: 032 / 22 66 22