- Официјално почнува сезоната за асфалтирање. Во изминатиот период се работеше на неколку локации за припрема, коишто деновиве ќе бидат асфалтирани. Во моментов се наоѓаме во населба Леваци, овде се работи на вториот асфалтен слој на улица „Христијан Карпош“, ќе се асфалтираат и позициите во градот, каде што претходно се работеше на подготовки, какошто е конзолата на реката Отиња, вели градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.
Финишира асфалтирањето на најголемата улица во штипската населба Леваци, „Христијан Карпош“. Новиот асфалтен слој, кој го замени стариот асфалт и кобл коцката на дел од улицата, беше финансиран од буџетот на општина Штип, во вредност од 3,5 милиони денари: