Од почетокот на годината до денес, Општина Штип заедно со ветеринарната служба од Куманово организирала три акции за заловување бездомни кучиња. Во овие акции се заловени 20 кучиња. Комуналниот инспектор Борче Везенков нагласи дека акциите се спроведени по барање на граѓаните, кои реагирале на присуството на бездомни животни.
- Фирмата која заловува е истата од Куманово. Можам да кажам дека месечно тие заловуваат согласно динамиката на пријавување. Во последните три месеци, декември, јануари и февруари заловени се околу 25 кучиња. Потоа се третираат и повторно се враќаат на местото од каде што биле заловени. Упатуваме апел до граѓаните доколку земат да чуваат домашно милениче да не го оставаат на улица, изјави Везенков.
Договорот меѓу кумановската фирма и општината е со рок на траење од две години, а истекува годинава во октомври.