Во периодот од 29 јануари до 5 февруари, кол-центарот на Јавното претпријатие „Исар“ во Штип, кој започна со работа на 29 јануари, примил вкупно 148 повици од граѓаните. Контакт бројот 032/609-555 е воспоставен како телефонски центар за поддршка на сите жители и правни лица во Штип, кои се соочуваат со проблеми или дефекти во комуналната инфраструктура, кои се во надлежност на претпријатието. Центарот е создаден со цел да се подобри комуникацијата помеѓу граѓаните и претпријатието и да се овозможи поефикасно и побрзо решавање на пријавените проблеми.

За само една недела, се покажало дека центарот е корисен за локалната заедница, бидејќи бројот на повиците од граѓаните укажува на интересот за оваа нова услуга.

  • Најмногу јаувања во рок од една недела, граѓаните пријавувале истекување и запушување на фекална канализација, додека правните лица најмногу го барат секторот финансии. Инаку, кол-центарот работи 24 часа на ден, 7 дена во неделата и граѓаните можат да се обратат за секој проблем или да добијат информаци од секоја Работна единица и сектор кој е дел од ЈП ,,Исар”, се вели  во соопштението од претпријатието.

Екипи на ЈП ,,Исар” по добиениот повик излегуваат на терен за увид или санација на посочениот проблем. Од технички аспект, кол центарот функционира како централа, односно може истовремено да се прифати повеќе повици паралелно и секој граѓанин да биде услужен.