(Видео) Нови 3,1 км од вело патеката која продолжува на булеварот “Гоце Делчев“ во Струмица

Продолжува реализацијата на повеќегодишниот проект за урбана мобилност „Strumica – Smart Velo-City“, планиран од Општина Струмица и финансиран од Европската Унија.

Овој проект на терен започна во во 2022 година и до денес Струмица има 8 километри активни вело патеки.

Една од најважните сообраќајници во Струмица, булеварот “Гоце Делчев“, како наскоро ќе добие велосипедска патека која ќе придонесе за соодветна и побезбедна урбана мобилност со велосипед.

Градоначалникот Костадин Костадинов објасни што е планирано во оваа фаза од проектот.

-Изградба на велосипедска патека од двете страни на булеварот со вкупна должина од 3,1 километри, која ќе се протега од зградата на “Македонска пошта“ до зоната “Мало Стопанство“. Изградбата ќе се одвива во две етапи: Делница 1: Од зградата на “Македонска пошта“ до “Жито Струмица“ – моментално e во фаза на градба. Делница 2: Од “Жито Струмица“ до зоната “Мало Стопанство“ – градбата е планирано да започне во втората половина од оваа година, соопшти Костадинов.

Во оваа фаза е планирано и поврзување со новиот булевар кој води до Дабиле, каде исто така се гради велосипедска патека.

Во продолжение 3Д анимацијата за првата делница од оваа фаза на Проектот “Strumica – Smart Velo-City“: