Објавени се новите конкурси за Фестивалот на песни за деца „Весело Штурче“ во Штип кој ќе трае до 1 март, информираше на денешната прес-конференција во Дом на млади –Штип, директорот на фестивалот, Филип Стевановски. Право да конкурираат ќе имаат изведувачите кои ќе се пријавуваат за аудиција на фестивалот, како и автори со своја музика, текст и аранжман.

Стевановски рече дека најважно е децата да бидат на возраст до 12 години, а авторите да имаат композиција, која што за прв пат ќе биде изведена овде и да е исклучливо авторска. Тој истакна дека сите потребни информации за пријавување ги има на нивната веб страна, со што детално ќе можат да се информираат заинтересираните.

  • Првиот конкурс кој е за автори, ги повикуваме сите автори коишто се автори за музика, текст и аражман да ги пријават своите композиции. Правилата на конкурсите како и секоја година, така и оваа година се исти – композициите да не траат повеќе од три минути, композицијата да не е објавувана на друг фестивал и да е исклучливо авотрско дело. На Конкурсот за изведувачи право на учество имаат дечиња од шест до 12-годишна возраст, само се пријавуваат за аудиција, изјави Стевановски.

Новина годинава на Фестивалот „Весело Штурче“ е што ќе имаат и хор, кој ќе функционира како самостоен хор и ќе има свои песни и преработки.