Со серија активности кои ќе се спроведуваат во следните години, Струмица влезе во првата група на општини од проектот „Заедници со интегритет“, кој го спроведува Националниоте демократски институт (НДИ) со Швајцарската амбасада.
Овие активности се насочени кон градење отпорност на заедниците на корупција. Преку намалување на дискреционите овластувања на властите, зголемување на граѓанската контрола, трансапарентноста и учеството на граѓаните во донесување на одлуките.
Проектот им помага на општините да создадат силни системи за интегритет, кои ги минимизираат ризиците од корупција и ја зголемуваат довербата на граѓаните.
Првиот поектен циклус е со период од четири години, а покрај Струмица, во оваа прва фаза се вклучени и Штип, Битола, Боговиње, Гази Баба и Куманово. Целата програма, која опфаќа период од 10 години чини 10 милиони швајцарски франци.