Продолжен е рокот за пријавување за субвенционирање на приклучок за гас во Струмица

Општина Струмица, во соработка со ЈПЕД „Струмица – ГАС“, повторно го објави Јавениот повик за субвенционирање на надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем.

Со оваа иницијатива, се овозможува субвенционирање на трошоците за „Стандарден приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем“, со вредност од 46.943,00 денари по домаќинство, во нето износ.

Субвенцијата ќе се доделува согласно принципот „прв дојден, прв услужен“, што значи дека граѓаните кои први ќе поднесат апликација ќе имаат приоритет во добивањето на субвенцијата.

-Оваа година на вкупно 160 домаќинства приклучени на гасоводната дистрибутивна мрежа им се исплатени субвенциите во износ од 10,00 денари од кубен метар потрошен прирoден гас, објави градоначалникот Коста Костадинов.

Ова е можност за сите граѓани кои сакаат да го користат природниот гас како енергент, да направат значителни заштеди на енергетските трошоци, а истовремено да придонесат за заштита на животната средина.

За повеќе информации на општинската старана : https://strumica.gov.mk/javen-povik-gas-2024

Цената на гасот за затоплување е 5,77 денари за киловат час и според информациите од ЈПЕД „Струмица гас“ за грејната сезона е обезбедено редовно снабдување на потрошувачите.

Природниот гас е најпопуларниот извор на енергија во светот денес. Како извор на енергија е рентабилна и постигнува многу високо ниво на користење, докажани резерви на природен гас во светот ja гарантира неговата достапност за многу години. Тоа е еколошки најпогодно  гориво и за време на согорувањето не остава пепел, нема емисии на своите согорените продукти што ќе предизвикаат загадување на воздухот.

Придобивки на гасот: На корисникот му е  директно достапен во секое време за било кој тип на употреба; Нема потреба за инвестирање во капацитети за складирање;Инсталацијата на природен гас обезбедува леснотија на користење и контрола на сите видови на уреди на гас; Високиот степен на ефикасност, чисто гориво, и резерви на природен гас гарантираат достапноста за долг временски период.