Изјава за медиуми за реконструкција на плато кај Пензионерски дом
Денеска, 13.04.2018 г., градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ќе даде изјава за медиуми во врска со градежните активности кај платото кај Пензионерскиот дом. За временскиот термин медиумите ќе бидат дополнително известени.

Акцијата „Пролетно чистење и уредување“ во УЗ Дузлак
Денеска, 13.04.2018 г., продолжува акцијата „Пролетно чистење и уредување“ на ЈП „Исар“, ЈП „Стипион“, ТППЕ Штип и граѓаните од урбаните заедници, во населбата Дузлак. Ќе се чисти сметот во населбата, ќе се засадуваат дрвца, ќе се заменуваат нефункционалните улични светилки, ќе се обележува патна сигнализација.

Изјава за медиуми за акцијата „Пролетно чистење и уредување“
Вчера, 12.04.2018 г., во 11:45 часот, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски даде изјава за медиуми во населба Сењак кај клон „Сончогледи“ при детската градинка „Астибо“ во врска со акцијата „Пролетно чистење и уредување“.

Локално координативно тело
Денеска, 13.04.2018 г., ќе се одржи седница на локално координативно тело во Сала 2 со почеток во 12:00 часот.

Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска РЕ Водовод и канализација при ЈП „Исар“ ќе ги санираат дефектите во КПД Штип, на улица Гоце Делчев, ќе се изведува водоводни елементи во приклучна шахта за водоводна шахта за водоводна линија во населбата Балканска и Чардаклија.