Со две тактичко-показни вежби, интервенција на запален објект и запален автомобил при сообраќајна незгода, штипските пожарникари денеска по повод Светскиот ден на пожарникарите им ја доближија својата работа и секојдневието. Најинтересно им беше на најмалите, гостите од градинските и основните училишта. Покрај нив присутен беше и штипскиот градоначалник Јорданов, гости од армијата и полицијата, од локалната самоуправа и граѓани.

Штипскиот градоначалник Јорданов им посака што помалку интервенции на пожарникарите, но порача и доколку има потреба секогаш се тука да помогнат.

  • ТППЕ Штип се стекна со современа опрема, ново возило, современи униформи и опрема за интервенции. Ние како локална самоуправа сме одговорни за ТППЕ, но жално е што средствата што ги добиваме како блок дотации не се доволни ни за платите на вработените, а камоли за повеќе вложувања, рече Јорданов.