Етапно ќе се променува водоводната мрежа во градот со цел во летните периоди да нема чести дефекти и да не се повтара проблемот од претходните години.

Штипскиот градоначалник Јорданов најави дека на промена на водоводната линија, со цел да се работи побрзо, освен штипското ЈП „Стипион“ ќе биде ангажирана и надворешна фирма.

– Етапно верувам дека можеме најголем дел од проблематичните линии да ги обновиме, тие веќе се нотирани од страна на ЈП, станува збор за неколку десетици улици, вели Јорданов.

Тој повтори дека и на следните избори граѓаните ќе одлучуваат и дали средствата од самопридонесот треба да се искористат за промена на водоводната мрежа.

Инаку меѓу улиците на кои ќе биде променета водоводната мрежа се и улиците „Коле Неделковски“, „11 октомври“, „Борис Кидрич“, „Борко Талев“, „Цвета Јованова“, „Широк дол“ и „Цветан Димов“.