Во Делчево се слави и Велигден и Рамазан – поделени хуманитарни пакети

Општина Делчево заедно со компанијата „Зегин“ денеска ја реализираа традиционалната хуманитарна акција при што беа поделени 40 пакети со храна.

Пакетите беа дистрибуирани во ОО на Здружението на пензионерите во Делчево, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево, како и до Џамискиот одбор на градската џамија „Султан Мехмед Фатих ıı“, каде одговорните лица ќе ги распределат пакетите до своите верници на кои оваа помош им е неопходна и добредојдена.

Целта на хуманитарната акција е да се обезбеди побогата празнична трпеза и да се помогне на семејствата достоинствено да ги прослават празниците и да се покаже на дело дека никој не е заборавен.

Хуманоста е широк поим што значи да се помага секогаш и во секој момент кому било и на кој било начин, без оглед на верска, етничка и национална припадност.